spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМЖСПП: Се доопремуваат училиштата вклучени во ГЛОБЕ програмата за следење на животната...

МЖСПП: Се доопремуваат училиштата вклучени во ГЛОБЕ програмата за следење на животната средина

32 училишта од Северна Македонија, од кои 12 средни, 20 основни училишта и една детска градинка, се дел од светска научна и образовна програма за Глобално учење и набљудување во полза на животната средина, што се имплементирана глобално ниво од страна на Канцеларијата за имплементирање на Програмата GLOBE во рамките на Универзитетската корпорација за атмосферски истражувања (UCAR) во САД.

Горди сме што 32 образовни установи во државава се дел од светската мрежа и обележени со координати со собраните податоци ја дополнуваат сликата за состојбите со животната средина на глобално ниво. Нашата држава преку Министерството за животна средина и просторно планирање е дел од оваа мрежа уште од 1998 година и во изминатите 24 години функционираше со помал или поголем интензитет. Во 2021 година со финансиска поддршка од амбасадата на Соединетите Американски Држави беше доделена опрема за спроведување на активностите од Програмата во 27 училишта со вкупна вредност на донацијата од речиси 700 илјади денари.

Наредната година Министерството за животна средина и просторно планирање во рамки на Буџетот за 2022 година, овозможи набавка на инструменти со вкупна вредност од 410 илјади денари, со кои се докомплетираше опремата потребна за извршување на мерењата согласно барањата од ГЛОБЕ протоколите за оние училишта кои веќе добија дел од опремата, но и за новоклучените, набави хемикалии за извршување на мерењата со вкупна вредност од 150 илјади денари и средства за годишна обука на професорите вклучени во спроведување на ГЛОБЕ.

Опремата е распределена на училиштата согласно нивните потреби и барања. Секое училиште преку набавките и распределбата е опремено со комплетни сетови и хемикалии потребни за следење на протоколи за мерење и испитување на петте области од животната средина, со што ќе се овозможи континуитет во мерењата за учебната 2023 година.

Оваа Програма е спонзорирана од НАСА во соработка со Националната агенција за океани и атмосфера (НОАА), американската Национална фондација за наука и американскиот Стејт Департмент таа овозможува над 37 000 училишта од 124 земји водени од над 40 000 GLOBE тренери да мониторираат податоци од 5 области на животната средина (Атмосфера, Биосфера, Хидросфера, Педосфера и Земјата како систем) и да ги внесуваат на централната платформа во која секое мерно место и секое училиште е внесено со координати.Globe programa

Со процесот на имплементација на GLOBE Програмата, директно се работи на подигање на јавната свест за потребата од мониторинг во повеќе медиуми на животната средина и потребата за поголема грижа за природните ресурси.

Бенефитете од Програмата се повеќекратни, за учениците, наставниците, институциите, научниците, но и за широката јавнаст. Праксата покажа дека мерењата на параметрите педвидени во Глобе протоколите и те како беа корисни за локалното население во повеќе региони во земјата, како што е пример со Валандовао, каде мерењата на учениите ги предупредуваа земјоделците за претстоечките минусни температури и потребата од преземање на заштитни мерки.

Ефикасното реализирање на GLOBE Програмата овозможува едукација на учениците за потребите од информации за состојбата, квалитетот и перспективата на животната средина и одржливиот развој, овозможува стекнување на практично искуство и придонесува за унапредувањето на образовниот систем, особено кога во редовната настава нема посебна образовна програма и курикулум за животната средина.

Капацитетите за ефикасна имплементација на GLOBE Програмата се дополнителен аспект на одржливост бидејќи одговорното управување и транспарентност при имплементацијата, резултираат со долгорочен партнерски однос помеѓу донаторите на финансиските средства и ефикасното управување со целокупните материјални и човечки ресурси.

Добиените податоци и информации, кои резултираат од активностите на Програмата, во континуитет се објавуваат на GLOBE веб-страницата и се користат како дополнителни индикативни податоци на државниот мониторинг систем, и се користат и за научни истражувања од страна на повеќе светски институции, меѓу кои и NASA, ESA други.

 

 

 

Извор: Министерство за животна средина и просторно планирање 

Прочитајте

МЗШВ: Кон 4.033 одгледувачи на говеда исплатени 100 милиони денари дополнителни...

0
Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство ги информира сточарите, одгледувачи на говеда, дека денеска Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој ја...