spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeВладаРепублика Северна Македонија е на правиот пат да ги оствари своите цели...

Република Северна Македонија е на правиот пат да ги оствари своите цели и се смета за пример во регионот

Заменичката на претседателот на Владата задолжена за политики за добро владеење, Славица Грковска вчера имаше средба со Габриел Ескобар, заменик-помошник државен секретар на САД и специјален претставник за Западен Балкан, на која се разговараше за важната улога во регионот која Република Северна Македонија ја има во очите на САД како добар партнер, но и сојузник што означува уште повисоко ниво на партнерство и пријателство.

Вицепремиерката Грковска нагласи дека стратешкото партнерство со САД за Северна Македонија е од суштинско значење и изрази благодарност за поддршката што САД ни ја дава особено во делот на справувањето со корупцијата, како еден од најзначајните приоритети во градењето на демократски и економски силно општество.

Заменик помошникот државен секретар Ескобар истакна дека покрај чекорите кои Владата на Република Северна Македонија неуморно ги презема со цел остварување на стратешките цели на државата, како членка на НАТО Сојузот е безрезервно вклучена и во поддршка на Украина од секој аспект, како со донации така и со згрижување на бегалците кои се жртви на руската агресија.

Вицепремиерката Грковска го информираше заменик помошникот државен секретар Ескобар за активностите кои се отпочнати од страна на Кабинетот за добро владеење и се она што е претстојно во насока на борбата против корупција, доброто владеење и дигитализацијата.

 

 

 

 

Извор: Влада

Прочитајте

Град Скопје: Соопштение

0
Ја известуваме пошироката јавност дека денес од објава на извесен организатор на SkopYard кој од 21 март без претходно добиена согласност најавувал дека на...