spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeВладаВо 2022 со над 45 милиони евра поддржавме 433 компании од преработувачката...

Во 2022 со над 45 милиони евра поддржавме 433 компании од преработувачката индустрија и имаме 560 милиони евра странски инвестиции

Преструктуирањето на нашата економија е предизвик на кој се нафати и на кој успешно работи оваа Влада и со гордост можам да кажам дека овој процес е веќе започнат и се движи во добра насока, при што само во минатата година имаме 560 милиони евра странски инвестиции и стотици поддржани домашни компании изјави заменик-претседателот на Владата задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи, на годишната конференција „Година на нови можности“.

На почетокот на панелот, вицепремиерот Битиќи потсети дека Планот за економски раст е мерка што оваа Влада ја постави со среднорочна развојна компонента и која влијае на менување и на реструктуирање на нашата економија.

„Минатата година имавме експоненцијален раст на бројот на поддржани компании во зависност од 2021 година или за 107% повеќе поддржани компании или минатата година беа поддржани 433 компании во производствениот сектор. Целокупната поддршка дадена по основ на различни механизми се над 45 милиони евра. За прв пат преку Планот за економски раст почнавме наместо поддршка на инвестициите само на странските инвестиции да ги поддржуваме сите видови на инвестиции без разлика дали се тие домашни или странски и можам со гордост да кажам денеска дека навистина имаме што да покажаме како исход на оваа променета политика. Ова покажува дека Владата не е фокусирана само на еден од параметрите во економијата, а тоа е растот на БДП како макроекономска категорија, туку клучно е дали се поддржуваат компаниите“, изјави вицепремиерот Битиќи.

Според него, поддршката во производствениот сектор во изминатите 5 години значително ја има променето целата структура, при што наспроти зборувањето за поддршка на компаниите и поддршка на стопанството, значително се зголемува и процентот за поддршка во истражување и развој кај компаниите. Еден од предизвиците и понатаму е намалувањето на празнината меѓу регионите внатре во државата, при што бројките укажуваат дека од година во година растат инвестициите надвор од скопскиот регион

„Третата системска работа која што ја воспоставивме во политиките за развој и промената на економијата е сегментот преку економски мерки и политики да влијаеме на рамномерниот регионален развој наспроти креирање на економски политики кои го продлабочуваат јазот во регионите, креирање на политики кои го сузбиваат и намалуваат јазот помеѓу регионите“, рече Битиќи.

Како последно, што претставува вовед во преструктуирањето на економијата, вицепремиерот го потенцира пристапот на привлекување на странски инвестиции.

„Слушам дали воопшто знаеме како се привлекуваат странски инвестиции. Јас ќе одговорам со еден прост одговор, а тоа е дека да, многу добро знаеме како ќе се привлекуваат инвестиции затоа што бројките укажуваат. Минатата година, според централната банка имаме 560 милиони евра странски инвестиции и тоа што ме радува е тоа што за тоа користиме 0 средства на нашите граѓани за да го промовираме. Има една изрека на англиски, „најдобриот начин за да промовираш е да ги поттикнеш компаниите да инвестираат е добриот збор од уста.“ Тоа е тоа што го правиме“, вели Битиќи.

 

 

 

 

Извор: Влада

Прочитајте

Град Скопје: Соопштение

0
Ја известуваме пошироката јавност дека денес од објава на извесен организатор на SkopYard кој од 21 март без претходно добиена согласност најавувал дека на...