spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМИОА: Дискусија со академската заедница за „Националната стратегија за сајбер безбедност 2023-2027„

МИОА: Дискусија со академската заедница за „Националната стратегија за сајбер безбедност 2023-2027„

На 30.01.2023 година во Клуб на пратеници, Министерството за информатичко општество и администрација во соработка со членовите на Работната група задолжена за изготвување на Националната стратегија за сајбер безбедност на Република Северна Македонија 2023-2027, организира состанок на кои што присуствуваа професори од акедамскиот сектор и други клучни лица од сајбер областа.

На состанокот се елаборираше Нацрт верзијата на Националната стратегија за сајбер безбедност на Република Северна Македонија 2023-2027 и воедно се даде можност на присутните на состанокот од академскиот сектор да ги произнесат своите ставови и видувања во однос на истата.

Целта на состанокот беше овозможување на транспарентен процес при изготвување на стратешки документ, каде што сите  засегнати страни и професионалци од областа ќе ги искажат своите коментари и ќе придонесат во градење на ефикасна Стратегија, која понатаму ќе биде спроведлива во пракса.

Забелешките од сите присутни, Работната група ги зеде во предвид, како и се нотираше дека соработката ќе продолжи и понатаму се додека не се реализира и финализира предметната Национална стратегија за сајбер безбедност на Република Северна Македонија 2023-2027.

 

 

 

Извор: Министерство за информатичко општество и администрација 

Прочитајте

МЗШВ: Кон 4.033 одгледувачи на говеда исплатени 100 милиони денари дополнителни...

0
Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство ги информира сточарите, одгледувачи на говеда, дека денеска Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој ја...