HomeМинистерстваМИОА: Министерот Алити го потпиша договорот за соработка со Израел во областа...

МИОА: Министерот Алити го потпиша договорот за соработка со Израел во областа на електронските комуникации и поштенските услуги

spot_img
spot_img

Во Телавив е потпишан Договор за соработка меѓу Владата на Република Северна Македонија и Владата на Државата Израел во областа на електронските комуникации и поштенските услуги.

Договорот го потпишаа министерот за информатичко општество и администрација Адмирим Алити и министерот за телекомуникации на Израел Шломо Караи.

Владата на Република Северна Македонија и Владата на Државата Израел, имајќи го во предвид развојот на односите од областа на електронски комуникации и пошта, како главен фактор за унапредување на трговската и техничката размена, како и за економски и социјален развој на секоја земја, одлучија да ја зголемат својата соработка преку овој договор.

Меѓу другото договорот има за цел размена на искуства, знаења и практики поврзани со електронските комуникации и поштенските услуги и нивна модернизација.

 

 

 

 

Извор: Министерство за информатичко општество и администрација 

spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img

Прочитајте

РИК: Предвремени Парламентарни избори во Србија -2026 година РЕЗУЛТАТИ

0
Прочитајте и погледнете: 👀👇 ОФИЦИЈАЛНИ РЕЗУЛТАТИ 2026 година - Предвремени Парламентарни избори во Србија Извор: Републичка Изборна Комисија на Република Србија