Службите на ЈКП Дервен започнаа со интензивна работа за замена на подземната водоводна инфраструктура на ул.”Лазо Осмаков”, по што оваа улица ќе се реконструира со завршен слој од асфалт.
Покрај овие активности, секторот за паркови и зеленило од комуналното претпријатие изминатите денови врши и кастрење на дрвјата на повеќе локации во градот.
Продолжуваме посветено за заедничка цел – поубав Велес за сите нас!
Извор: Општина Велес