spot_img

МТСП: Задоволните работници ја создаваат успешната приказна на врвните компании

МинистерстваМТСП: Задоволните работници ја создаваат успешната приказна на врвните компании

Најчитано

Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска денеска заедно со директорката на управа за јавни приходи, Сања Лукаревска ја посетија компанијата „Вивакс“. Целта на посетата е согледување на реалната слика на терен во однос на задоволството на работниците.

Компанијата „Вивакс“ е отворена уште од 1994 година и претставува една успешна приказна за производство на висококвалитетни македонски производи. Ова е една од компаниите кои досега не искористила финансиска поддршка за исплата на плати. Според сопствениците на компанијата, работниците се на прво место и во таа насока е и почитување на законското решение недела ден на неделен одмор.

За време на посетата беше објаснет и работниот процес на присутните и беше посочено дека во оваа компанија е запазена и родовата еднаквост. На поголем дел од раководните позиции се токму жени.

По направениот увид во делот каде што се извршуваат работните процеси во компанијата, беше одржана неформална средба со основачот на компанијата Димитар Јосифовски и сегашното раководство Тања Атанасова и Ристо Јосифовски.

 

 

 

Извор: Влада

spot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
https://form.jotform.com/222403480783353spot_img

Последни објави

spot_img
spot_img

Читај повеќе