spot_img

МТСП: Тренчевска – За да можеме да зборуваме за еднакви можности на мажите и жените потребно е креирање на соодветни родово одговорни политики

МинистерстваМТСП: Тренчевска - За да можеме да зборуваме за еднакви можности на...

Најчитано

Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска заедно со претседателката на Комисијата за еднакви можности, Гордана Сиљановска – Давкова и претседателката на Клуб на пратенички Лолита Ристова ја отворија деветтата по ред јавна расправа за новиот предлог Закон за родова еднаквост. На расправата присуствуваа пратенички од Собранието на Република Северна Македонија, претставници од Министерството за труд и социјална политика и претставници од Мисијата на ОБСЕ во државата.

Тренчевска во своето воведно обраќање истакна дека овој закон се подготвува веќе извесен период и е од особена важност да се заврши во соодветно време и да вроди со Секретаријат за еднакви можности кој значително ќе ја промовира еднаквоста на мажите и жените во државата.

Претседателката на комисијата за еднакви можности, Давкова во своето обраќање се осврна на времето кога бил донесен првиот Закон за еднакви можности и истакна дека седумнаесет години од тогаш, реалната ситуација е доста изменета и дека самото тоа ја наметнува потребата од донесување на нов закон.

Воведните обраќања ги затвори претседателката на Клуб на пратенички, Лолита Ристова која направи компарација на нацрт текстот кој што беше предложен за прв пат со верзијата која денеска е изработена.

Дискусијата за предлог законот беше конструктивна од страна на сите чинители и беа посочени соодветни критики кои според експертките ангажирани од страна на ОБСЕ ќе бидат земени во предвид во изработката на финалната верзија на документот.

 

 

 

 

Извор: Влада

spot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
https://form.jotform.com/222403480783353spot_img

Последни објави

spot_img
spot_img

Читај повеќе