spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМЗ: Повик за пријавување - модул „Дијагностика, лекување и превенција на пост-ковид...

МЗ: Повик за пријавување – модул „Дијагностика, лекување и превенција на пост-ковид симптоми“

Медицински симулациски центар организира едукација за здравствени работници за модулот „Дијагностика, лекување и превенција на пост-ковид симптоми“ со предавачи проф. д-р Александар Петличковски, претседател на Комисијата за заразни болести и доц. д-р Мери Киријас од Институтот за имунобиологија и хумана генетика, од Медицинскиот факултет во Скопје.

Пријавувањето за модулот се врши на следната е-маил адреса: msc@zdravstvo.gov.mk или на телефон 02/3112276.

Научните истражувања покажуваат дека 1 од 5 пациенти кои прележале ковид имаат перзистентни симптоми кои траат недели, месеци, дури и години после прележување на акутната болест. Вообичаено, симптомите почнуваат по 4 или повеќе недели по иницијалната инфекција и вклучуваат симптоми како замор, мускулни болки, сериозни респираторни, кардиолошки, невролошки симптоми, како и автоимуни состојби.

Во овие услови најдобар начин да се заштитиме е да преземеме превентивни мерки за намалување на шансите за инфекција, да ги следиме препораките за имунизација и да се информираме исклучиво од проверени научни извори.

 

 

 

 

 

Извор: Министерство за здравство 

Прочитајте

Бутел: По 40 години реконструкцијата на улицата “Натанаил Кучевишки”

0
Нема запирање кога се работи за доброто на граѓаните и за нивните потреби. Денес, започна реконструкцијата на улицата “Натанаил Кучевишки” со површина од 3000...