HomeМинистерстваМНР: Средба Османи - Дион

МНР: Средба Османи – Дион

spot_img
spot_img

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, оствари средба со Стефан Дион, специјален пратеник на Премиерот на Канада за Европската Унија и Европа и амбасадор на Канада во Франција и Монако.

Во фокус на разговорите беа можностите за зајакнување на стратешкото партнерство, како и продлабочувањето на билатералната соработка, со посебен акцент на развојот на економската соработка и можностите за нови канадски инвестиции во земјава. Беше поздравена и улогата на нашата дијаспора во Канада како особено значајна за јакнење на билатералните односи и понатамошно приближување на двете земји.

Соговорниците ја потенцираа одличната соработка во рамки на меѓународните организации, нагласувајќи го притоа нашето претседавање со ОБСЕ, како дополнителна можност за  продлабочување на соработка на мултилатерален план.

Воедно, стана збор и за нашето сојузништво во рамки на НАТО, реафирмирајќи ја силната поддршка за Украина, како и заедничките заложби за зачувување на трансатлантската безбедност и одбраната на споделените демократски вредности.

 

 

 

 

Извор: Министерство за надворешни работи 

spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img

Прочитајте

РИК: Предвремени Парламентарни избори во Србија -2026 година РЕЗУЛТАТИ

0
Прочитајте и погледнете: 👀👇 ОФИЦИЈАЛНИ РЕЗУЛТАТИ 2026 година - Предвремени Парламентарни избори во Србија Извор: Републичка Изборна Комисија на Република Србија