spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМЖСПП: Отпочнати активностите за донесување на Нацрт на Закон за прогласување на...

МЖСПП: Отпочнати активностите за донесување на Нацрт на Закон за прогласување на Охридско Езеро за споменик на природата

Заменик министерката за животна средина и просторно плaнирање Христина Оџаклиеска, ја отвори работната средба со преставници на невладините организации, што ја организираше Министерството за животна средина и просторно планирање, во насока на отпочнување со активности за донесување на Нацрт на Закон за прогласување на Охридско Езеро за споменик на природата.Zamenik_Ohrid

Заменик министерката во своето воведно обраќање се осврна на важноста од донесувањето на овој Нацрт-закон за Охридското Езеро, согласно препораките на УНЕСКО, за да се овозможи заштита, зачувување и одржливо користење на природните вредности на ова уникатно подрачје.

Од страна на Даниел Богнер (Регионална канцеларија на IUCN за Источна Европа и Централна Азија (ECARO) беше одржана презентација за Студијата за валоризација на природните вредности Охридско Езеро. Потоа беа преставени основните начела и структурата на Нацртот на законот за прогласување на Охридско Езеро за споменик на природата, кој е изготвен и се донесува во согласност со Законот за заштита на природата. Следуваше дискусија, забелешки, предлози и прашања од преставници на невладините организации.

Постапката за донесување на Нацрт-законот, МЖСПП ја води одговорно и транспаретно и сите конструктивни коментари кои се во насока на подбрување на Нацртот на законот за прогласување на Охридско Езеро за споменик на природата, се и ќе бидат добредојдени и инкорпорирани во финалниот текст на законот.

На состанокот присуствуваа претставници од 10 граѓански организации кои работат на полето на животната средина.

 

 

 

 

Извор: Министерство за животна средина и просторно планирање 

Прочитајте

Велес: Градежни зафати на улицата „Кирил Пејчиновиќ“

0
Почнаа градежните зафати на улицата „Кирил Пејчиновиќ“ на Којник. Во соработка со ЈКП Дервен ќе се заменува старата дотрајана водоводна мрежа на улицата, а...