Започнуваме со постапка за изградба на нова патна инфраструктура во Калково. Изградбата ќе опфаќа асфалтирање на неколку нови улици, сообраќајно поврзување со локалниот пат кој води до населеното место и суштинско подобрување на условите за живот таму.
Истовремено во Калково се работи на првата фаза од новиот водовод, која опфаќа изградба на нов цевковод до секундарната мрежа и нов резервоар со соодветен капацитет за задоволување на потребите за вода за пиење на граѓаните.
Заеднички, стремиме кон рамноправна заедница и инвестиции во населените места кои биле заборавени со децении.
Сите сме еднакви, заслужуваме еднакви шанси и силно веруваме во принципот на праведност при распределбата на јавните средства.
Извор: Општина Валандово