spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниКратово: Награден конкурс за најдобра литературна творба -„СВЕТИ ЃОРЃИ КРАТОВСКИ –...

Кратово: Награден конкурс за најдобра литературна творба -„СВЕТИ ЃОРЃИ КРАТОВСКИ – СВЕТИЛНИК И ЗАКРИЛНИК НА КРАТОВО“

ОПШТИНА КРАТОВО

во соработка со

Локален младински совет Кратово

РАСПИШУВА:

НАГРАДЕН КОНКУРС ЗА НАЈДОБРА ЛИТЕРАТУРНА ТВОРБА

НА ТЕМА „СВЕТИ ЃОРЃИ КРАТОВСКИ – СВЕТИЛНИК И ЗАКРИЛНИК НА КРАТОВО“

 

По повод патрониот празник на Кратово „Свети Ѓорѓи Кратовски“ Општина Кратово распишува награден конкурс за најдобра литературна творба на тема:

Свети Ѓорѓи Кратовски–светилник и закрилник на Кратово“

Право на учество:

˚ Право на учество на овој Конкурс имаат младите до 29 години на општина Кратово.

˚ Доставените литературни творби треба да бидат напишани на македонски литературен јазик во поезија или проза.

˚ На овој Конкурс не може да учествувааат претходно објавени или издадени творби.

˚ Учесниците/авторите на Конкурсот се појавуваат под шифра кај членовите на комисијата, затоа литературната творба треба да ја содржи шифрата, а посебно да се напишат податоците за идентификација на испраќачот: име и презиме, возраст и телефонски број.

Изборот на најдобрите литературни творби ќе го изврши комисија за оценување на творбата составена од три члена. Комисијата ќе даде оценка за доставените творби и ќе изготви извештај со листа за наградени автори.

Награди:

Авторите на најдобрите творби ќе добијат пофалница и вредносни ваучери I награда 3000 денари, II награда 2000 денари и III награда 1000 денари и истите ќе бидат објавени на веб страната на Општина Кратово.

Доставување на литературните творби:

Авторските творби треба да се достават во хартиена форма во затворен плик на адреса: Општина Кратово ул.Плоштад Павел Шатев, бр.1, Кратово со назнака „Награден конкурс за најдобра литературна творба“ или лично во Архива на општина Кратово секој работен ден од 07.30 – 15.30 часот или да се испратат по електронски пат на: contact.kratovo@gmail.com и mladinskisovetkratovo@gmail.com најдоцна до 22.02.2023 година.

Конкурсот е дел од Програмата за култура на општина Кратово и на Локален младински совет.

КОНКУРС ЗА НАЈДОБРА ЛИТЕРАТУРНА ТВОРБА НА ТЕМА

 

 

 

 

 

Извор: Општина Кратово 

Прочитајте

Центар: Зелено светло за бесплатни тренинзи на јуниорите на КК Работнички...

0
На 35. Седница на Советот на Општина Центар е усвоен предлогот на градоначалникот Горан Герасимовски за користење на училишната спортска сала во ООУ ,,Коле...