HomeОпштиниВаландово: Асфалтирање на улиците во Калково

Валандово: Асфалтирање на улиците во Калково

spot_img
spot_img

Започнуваме со постапка за изградба на нова патна инфраструктура во Калково. Изградбата ќе опфаќа асфалтирање на неколку нови улици, сообраќајно поврзување со локалниот пат кој води до населеното место и суштинско подобрување на условите за живот таму.

Истовремено во Калково се работи на првата фаза од новиот водовод, која опфаќа изградба на нов цевковод до секундарната мрежа и нов резервоар со соодветен капацитет за задоволување на потребите за вода за пиење на граѓаните.

Заеднички, стремиме кон рамноправна заедница и инвестиции во населените места кои биле заборавени со децении.

Сите сме еднакви, заслужуваме еднакви шанси и силно веруваме во принципот на праведност при распределбата на јавните средства.

 

 

 

 

Извор: Општина Валандово 

spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img

Прочитајте