spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeСамостојни органиСамостојни државни органиАМС: Две бронзи од Европското првенство за кадети, јуниори и У21 што...

АМС: Две бронзи од Европското првенство за кадети, јуниори и У21 што се одржа во Ларнака, Кипар

На Европското првенство за кадети, јуниори и помлади сеноири У21, што се одржуваше од 03-05 февруари 2023 година во Ларнака, Кипар, репрезентативците во дисциплината У21 кумите -84 и +84 Витомир Трајковски и Стефан Стојановиќ, освоија бронзени медали.

По тој повод Агенцијата за млади и спорт организираше прием за европските медалисти и членовите на стручниот штаб при КФМ.

Витомир Трајковски и Стефан Стојановиќ ги освоија  бронзените медали по три победи и еден минимален пораз и победи во репасажот.

Од останатите наши репрезентативки најуспешни беа Викторија Јовановска во категоријата У21 -61 кг. со освоено 5то место, седмо место освои Симона Николовска во категоријата У21 +68, и четири деветти места од кои 3 во У21 Бојан Костов, Марио Свинарски, Јусра Адеми и во јуниорска конкуренција Греса Мустафаи.

На Европското првенство за кадети, јуниори и помлади сениори У21 настапуваа вкупно 1114 каратисти од вкупно 48 држави.

Директорот на Агенцијата за млади и спорт Наумче Мојсовски ја потенцираше важноста на освојување на медали од меѓународни натпревари во младински конкуренции верувајќи дека истите тие каратисти се идните кандидати за освојување на одличја во сениорска категорија и продолжување на континуитетот на освојување на светски и европски медали по примерот на нашите најуспешни каратисти Емил Павлов, Берат Јакупи, Наташа Илиевска…

–          Спортските успеси се важни за секоја земја, но заедништвото на репрезентативците, нивната сплотеност која беше исклучителна на настапот на македонската карате репрезентација на настапот во Ларнака е пример за почит, истакна Мојсовски.

 

 

 

 

Извор: Агенција за млади и спорт 

Прочитајте