spot_imgspot_img
spot_img
spot_img

АМС: Драфт верзија на НСМ 23-27

Агенцијата за млади и спорт со своите партнери и поддржувачи на процесот, Програмата за развој на Обединети нации – УНДП, Мисијата на ОБСЕ во Скопје и Фондот за население на Обединети нации – УНФПА, продолжува со втората фаза од консултативниот процес при креирање на новата Национална стратегија за млади 23-27.

Во моментот располагаме со првата драфт верзија на текстот на НСМ , која е објавена на веб страната на Агенцијата за млади и спорт а во текот на неделата ќе биде прикачена и на ЕНЕР.

Во периодот кој што следува ги очекуваме коментарите од онлајн консултациите, а воедно и ќе продолжиме со јавни дискусии на локално ниво.

Драфт верзијата на стратегијата може да ја најдете на следниот линк:  ​дравт верзија на НСМ 23-27 

Ги повикуваме сите оние кои сакаат да придонесат за младите и младинските прашања да станат активен дел од онлајн консултациите за драфт верзијата на Националната стратегија за млади 2023 – 2027 година. Колку повеќе идеи, прашања и коментари добиваме од вас, подобро можеме да го развиеме овој стратешки документ.

Вашите коментари може да ги доставите на маил: gordana@ams.gov.mk и martingalevski@gmail.com

Процесот на онлајн консултациите ќе трае се до 17 март 2023 година.

https://api.ams.gov.mk/wp-content/uploads/2023/02/nsm-23-27_draft.pdf.

 

 

 

 

 

Извор: Агенција за млади и спорт 

ПРЕТХОДНА ОБЈАВА
СЛЕДНА ОБЈАВА

Прочитајте

Јегуновце: Работна посета низ повеќе населени места

0
Градоначалникот на општина Јегуновце беше на работна посета низ повеќе населени места во општина Јегуновце каде направив увид на започнати проекти: Во завршна фаза е...