Директорот на Агенцијата за млади и спорт Наумче Мојсовски заедно со градоначалникот на општина Валандово, Перо Костадинов , го посетија новиот фитнес парк во Пирава.
Овој фитнес парк е изграден од Агенција за млади и спорт веќе е во функција.
Фитнес паркот располага со сет од осум справи, реквизти и партерно уреден простор.
Паркот е одлично место за сите љубители на спортски активности и забавен за децата кај кои се поттикнува спортскиот дух.
АМС продолжува со реализација на проекти кои се за доброто на граѓаните, за младите и спортот!
Извор: Агенција за млади и спорт