spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeСамостојни органиСамостојни државни органиУЈП: Граѓаните да не отвараат СМС и да не споделуваат лични...

УЈП: Граѓаните да не отвараат СМС и да не споделуваат лични податоци кон УЈП

Управата за јавни приходи ги информира граѓаните дека завчера и вчера непознат испраќач користејќи го логото на УЈП преку СМС пораки се обидел да наведе граѓани да споделуваат лични и податоци од дебитни и кредитни картички.

Пораките се испраќани од телефонскиот број +38979212628 со следната содржина “Извршете ја задолжителната пријава на УЈП https://ujp.mk/verifikacija”.

Овој линк е лажен, и не води кон електронска адреса на Управата за јавни приходи.

Управата за јавни приходи апелира ДА НЕ СЕ ОТВАРААТ ОВИЕ СМС ПОРАКИ И ДА НЕ СЕ ОТВАРА ЛИНКОТ, а доколку некој го отворил линкот да не ги пополнува полињата во кои се бараат лични податоци од граѓаните затоа што истите можат да бидат злоупотребени.

Управата за јавни приходи ги презема сите неопходни активности за справување со конкретната ситуација.

  • Линк за албанска верзија

 

 

 

Извор: Управа за јавни приходи 

Прочитајте

Јегуновце: Работна посета низ повеќе населени места

0
Градоначалникот на општина Јегуновце беше на работна посета низ повеќе населени места во општина Јегуновце каде направив увид на започнати проекти: Во завршна фаза е...