spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeЈавен секторФЗОРСМ: Побарани податоците од сите ЈЗУ, следната недела исплата на платите за...

ФЗОРСМ: Побарани податоците од сите ЈЗУ, следната недела исплата на платите за здравствените работници

ФЗОРСМ ја известува јавноста дека во координација со јавните здравствени установи, се очекува потребната документација за исплата на плати да се прибере најдоцна до понеделник, а со цел што поскора исплата на платите на здравствените работници. Доколку сите ЈЗУ го исполнат овој рок, согласно протоколот за исплата на плати, иплатата се очекува да биде веќе наредна недела.

Во оваа прилика, Фондот им се заблагодарува на сите здравствени работници за трпението и апелира за понатамошна соработка, имајќи предвид дека техничките тимови работат постојано и секојдневно.

Ја уверуваме јавноста дека ги користиме сите расположливи капацитети и знаењата на сите внатрешни и надворешни ИТ експерти за кои има правна можност, а со привремените решенија кои Фондот ги операционализира во кус рок, се надминуваат дел од проблемите, особено и се овозможува функционирање на системот во услови на сајбер напад.

Оваа прилика би сакале да ја искористиме можноста и повторно да потврдиме дека анализата на експертските технички тимови утврди дека при сајбер нападот нема излевање на податоци надвор од базите на Фондот.

Воедно напоменуваме дека, во однос на исплатата на боледувањата, породилното отсуство и рефундацијата, со ставање на системот во целосна функција ќе бидат исплатени сите обврски на ФЗО кон осигурениците, но и кон здравствените установи.

Подрачните служби на Фондот функционираат согласно препораките и во континуитет ги примаат барањата, а контролорите од ФЗОРСМ веќе и започнуваат со контроли на терен врзани со спроведувањето на сите споделени упатства и насоки за работење.

Сите осигуреници непречено можат да се обратат до подрачните служби кои се достапни и телефонски преку јавно објавени линии за информации за осигурениците, и да добијат информации во врска со сите решенија кои се усогласени со матичните лекари, а преку кои осигурениците можат да ја остварат здравствената заштита.

Фондот навремено и постојано ќе ја информира јавноста за сите нови утврдени информации кои се од интерес на граѓаните.

 

 

 

Извор: Фонд за здравствено осигурување 

Прочитајте

Заменик претседателот Фетаи ја претставуваше Владата на на Регионалната конференција „GovTech“...

0
Заменик-претседателот Арбен Фетаи денеска учествуваше на регионалната конференција „GovTech“ во Тирана, покрај Премиерот на Република Албанија, г. Еди Рама и други претставници од земјите...