spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeВладаСоработката со Естонија за дигитална трансформација е од голема важност за јакнење...

Соработката со Естонија за дигитална трансформација е од голема важност за јакнење на сајбер безбедноста на Северна Македонија

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Димитар Ковачевски, заедно со заменик-претседателот во Владата задолжен за европски прашања Бојан Маричиќ, на Минхенската безбедносна конференција остварија средба со премиерката на Естонија, Каја Калас.

Премиерот Ковачевски на средбата со Калас упати благодарност до владата на Естонија за силната и гласна поддршка за интеграцијата на Северна Македонија во Европската Унија.

На средбата двајцата премиери истакнаа дека Северна Македонија и Естонија, како држави сојузнички во НАТО, ќе продолжат и натаму да даваат активен придонес во Алијансата во насока на зачувување на мирот и безбедноста на европскиот континент.

Од голема важност за Северна Македонија е поддршката од Естонија во пренесување на нејзиното искуство и знаење во дигиталната трансформација, што очекуваме да резултира со брз развој на електронските услуги кои ги обезбедува јавната администрација во Северна Македонија.

Двајцата соговорници разменија мислења за влијанието на актуелните геополитички предизвици врз интеграцијата на земјите од Западниот Балкан во ЕУ. Премиерот Ковачевски ја потенцираше посветеноста на Владата на скрининг процесот како и заложбата за единство на сите политички и општествени чинители во Северна Македонија за членство во Европската Унија. Ковачевски истакна дека нашата држава во ЕУ има пријатели, сојузници и поддршката за забрзување на преговорите и шансата сега не смее да се пропушти.

Ковачевски ја покани премиерката Калас да ја посети Северна Македонија.

 

 

 

 

Извор: Влада

Прочитајте