Градоначалникот на општина Ѓорче Петров, Александар Стојкоски денеска оствари средба со претставниците на KDZ (Центар за истражување во јавната администрација) Александра Шантл и Томас Пророк и претставници од групата за самооценка од општинската администрација.
На соостанокот беше дискутирано за почеток на имплементација на моделот ЦАФ 2020 со поддршка од KDZ.
Општина Ѓорче Петров е прва општина во Република Македонија што ќе го имплементира овој модел. Неговата имплементација во 2023 година е дел од акцискиот план за градење и одржување интегритет во општина Ѓорче Петров.
Нашата единица на локална самоуправа континуирано работи и ќе работи на подобрување на ефективноста, ефикасноста и квалитетот на услугите.
Извор: Општина Ѓорче Петров