spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниЃорче Петров: Прва општина што ќе имплементира модел ЦАФ 2020

Ѓорче Петров: Прва општина што ќе имплементира модел ЦАФ 2020

Градоначалникот на општина Ѓорче Петров, Александар Стојкоски денеска оствари средба со претставниците на KDZ (Центар за истражување во јавната администрација) Александра Шантл и Томас Пророк и претставници од групата за самооценка од општинската администрација.

На соостанокот беше дискутирано за почеток на имплементација на моделот ЦАФ 2020 со поддршка од KDZ.

Општина Ѓорче Петров е прва општина во Република Македонија што ќе го имплементира овој модел. Неговата имплементација во 2023 година е дел од акцискиот план за градење и одржување интегритет во општина Ѓорче Петров.

Нашата единица на локална самоуправа континуирано работи и ќе работи на подобрување на ефективноста, ефикасноста и квалитетот на услугите.

 

 

 

Извор: Општина Ѓорче Петров

Прочитајте

Македонски Брод: Реконструкција на улицата “Васко Карангелески” и “Илинденска”

0
Активностите за реконструкција на улица “Васко Карангелески” и улица “Илинденска”, кои се наоѓаат во централното подрачје на градот, се во завршна фаза.     ...