HomeОпштиниПетровец: Реконструкција на три улици во Петровец, Летевци и Градманци

Петровец: Реконструкција на три улици во Петровец, Летевци и Градманци

Општина Петровец изврши реконструкција на три улици во трите населени места Петровец, Летевци и Градманци. Во населено место Петровец се тампонираше крак на улица „22“ во должина од 250 метри.

Во населено место Летевци се изврши санација и тампонирање на локален пат во должина од 800 метри, додека на патот од Катланово (црквата Св. Недела) до населеното место Градманци се изврши санација, проширување и тампонирање на овој локален пат. Финансиските средства за санацијата на овие локални патишта во целост се обезбедени од Буџетот на Општина Петровец во вкупна вредност од 899.300 денари.

 

 

 

 

Извор: Општина Петровец 

petshopMona Vegera Forza KinderLend” style= IuteCredit Europcar Quick and Fresh

Прочитајте

Карпош: Градоначалникот Лукровски ги продолжува работните обврски и активности во општината

0
Градоначалникот на Општина Карпош, Сотир Лукровски, од денеска ги продолжува своите редовни работни активности и обврски. И во периодот на неговото отсуство, Општина Карпош функционираше...