HomeВладаСклучен Меморандум за соработка меѓу Владата и ФИНКИ, за размена на искуства,...

Склучен Меморандум за соработка меѓу Владата и ФИНКИ, за размена на искуства, знаења и кадри

spot_img
spot_img

Генералниот секретар на Владата на Република Северна Македонија, Методија Димовски и Боро Јакимовски, декан на Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство (ФИНКИ) при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, денеска, потпишаа Меморандум, како потврда на заедничката заложба и интерес за унапредување на високо-образовната и научно-истражувачката дејност и унапредувањето на ефикасноста на јавниот сектор.

Денешното потпишување на Меморандумот беше искористено за да се истакне подготвеноста за професионалното профилирање на студентите и ефективно искористување на активностите од областа на информатичките науки и компјутерското инженерство.

Со Меморандумот се предвидува соработка и едукативни активности за практично усовршување на студентите на Факулетот, практична настава која ќе биде остварена преку ангажирање на студенти од Факултетот, за потребите на Генералниот секретаријат на Владата, за што ќе биде објавен јавен повик за практиканство.

Предвидена е организација и спроведување едукативни активности за стручно усовршување на административните службеници и на вработените во Генералниот секретаријат, експертска помош при изработка на проекти, анализи, предлози и други форми на размена на знаење и искуство во насока на истражување и развој од заеднички интерес.

Генералниот секретар на Владата, Методија Димовски истакнувајќи задоволство од денеска склучениот Меморандум, истакна дека ова е еден од чекорите кои помагаат целосно да се остварат активностите кои се преземаат за дигитализација на процесите во општеството.

„Спојувањето на науката и практиката е еден од квалитетите, кои ја прошируваат можноста за остварување на стратешките интереси при промената на информациско-комуникациските технологии“, подвлече Димовски, кој заедно со деканот Јакимовски посакаа успешна соработка, корисна пред сè за идните генерации.

 

 

Извор: Влада

spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img

Прочитајте

РИК: Предвремени Парламентарни избори во Србија -2026 година РЕЗУЛТАТИ

0
Прочитајте и погледнете: 👀👇 ОФИЦИЈАЛНИ РЕЗУЛТАТИ 2026 година - Предвремени Парламентарни избори во Србија Извор: Републичка Изборна Комисија на Република Србија