spot_img
spot_img

Подготвени за успешен старт на домашна берза на електрична енергија

ВладаПодготвени за успешен старт на домашна берза на електрична енергија

Најчитано

Премиерот Димитар Ковачевски денеска оствари средба со претставници на Американската агенција за меѓународен развој УСАИД, со фокус на енергетиката.

На средбата присуствуваа и Марко Бислимоски, претседател на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги, Симон Шутиноски, управител на националниот оператор на пазарот на електрична енергија – МЕМО ДООЕЛ Скопје, Виктор Андонов,соработникот за енергетика во Канцеларијата на претседателот на Владата како и Васко Кичевски, секретар за јавни политики, координација и следење на програмата на Владата.

На средбата беа разменети мислења за плановите за стартување на националнaта берза на електрична енергија-МЕМО, како и потребните предуслови за нејзино функционирање.

При тоа, беше нагласено дека создавањето на МЕМО е чекор кон поврзување на домшниот пазар со соседните , кој ќе биде дел од европскиот пазар.

Премиерот Ковачевски, на средбата, нагласи дека законодавството на Северна Македонија е прилагодено на законодавството на ЕУ со што се создадени предуслови за почеток на македонската берза за електрична енергија.

Во таа насока, тој додаде дека Владата ги поддржува заложбите за носење на одржливи решенија на полето на енергетиката.

Џери Дибл, претставникот на Канцеларијата на УСАИД во земјава, нагласи дека УСАИД обезбедува континуирана поддршка на Северна Македонија во делот за реформски процеси во секторот енергетика, вклучувајќи ги и напорите кон понатамошно интегрирање во регионалниот и европскиот енергетски пазар.

Берзата на електрична енергија е пракса во цела Европа, како и во целиот свет.

Истата, треба да овозможи транспарентна цена за мегаватчас електрична енергија за секој час во текот на едно деноноќие, а струјата да се купува и продава по јавни, транспарентни цени кои се формирани само и исклучиво од понудата и побарувачката за електрична енергија.

 

 

 

 

Извор: Влада

spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
[td_block_ad_box spot_img_horiz="content-horiz-center" media_size_image_height="1000" media_size_image_width="1000