spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМТВ: Бочварски и Рустеми на увид на рехабилитацијата на регионалниот пат Катланово...

МТВ: Бочварски и Рустеми на увид на рехабилитацијата на регионалниот пат Катланово – Велес

Министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски, заедно со директорот на ЈП за државни патишта, Ејуп Рустеми и заменик директорот, Благојче Трпевски, денеска извршија увид во градежните работи на рехабилтација на регионалниот пат Катланово – Велес.

Рехабилитацијата се одвива во две фази, до сега асфалтирани се 1,2 километри од првата фаза.

Инвестицијата е во висина од 2,6 милиони евра и според договорот патниот правец треба да се заврши до почетокот на летниот период.

„Поволните временски услови ни дозволуваат да работиме активно на рехабилитаци на сите патишта, ќе ги искористиме максимално сите ресурси со цел поскоро завршување на започнатите проекти. Денеска со директорите на ЈП за државни патишта извршивме увид во рехабилитација на патот Катланово – Велес, во вкупна должина од 8,4 километри. Ова е практично стариот пат од Катланово за Велес и преку оваа инвестиција сакаме да го реобновиме стариот пат што до сега беше во лоша состојба. Исто така ова е многу значајна патна врска со оглед на тоа што го поврзува Велес со Велешкото Езеро каде имаме интензивен сообраќај и посета на голем број туристи. Задоволен сум од работата на изведувачот, рехабилитацијата тече со предвиденото темпо и очекувам комплетно да заврши пред почетокот на летото оваа година.“ – изјави министерот Благој Бочварски.

Директорот Рустеми потенцираше дека рехабилитацијата на овој пат е дел од големиот инвестициски циклус што го реализира ЈП за државни патишта.

„Очекувам дека овој патен правец ќе го завршиме во предвидениот рок. Како што бевме информирани од изведувачот и надзорот, работите се одвиваат со добра динамика. Средствата за негова рехабилитација се обезбедни преку заем од ЕБОР. Оваа година во буџетот имаме преку 460 милиони евра за инвестиции во инфраструктурата што значи дека ни претстои силна година во изградба и рехабилитација на државните патишта.“ – изјави директорот Рустеми.

Изградбата и рехабилитацијата на патната мрежа е врвен приоритет на Владата на Република Северна Македонија, со цел да се обезбедат подобри услови за патување на граѓаните и економски развој на земјата.

 

 

 

 

Извор: Влада

Прочитајте

Илинден: Интензивно се работи на фекална канализација за дел од Кадино

0
Градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски денеска направи увид во изградбата на фекална канализација за дел од населеното место Кадино, во општина Илинден. Како што...