Министерството за образование и наука Ве информира дека согласно член 44 од Законот за основното образование („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 161/19 и 229/20) за освоено прво место на натпревар на државно ниво на ученикот и неговиот наставник им се доделува парична награда. Натпреварот треба да биде организиран од акредитирано здружение на наставници. Барањата од ученикот, односно од неговиот наставник за исплата на парична награда за освоено прво место на натпревар на државно ниво во учебна година, се доставуваат до Министерството најдоцна до 31 декември во тековната година кога е организаран натпреварот.
Ученикот, заедно со наставникот кој го подготвувал за натпреварот, треба да достави Пријава со која во прилог ги доставува и следните документи:
Образецот за пријава може да се преземе тука
– Потврда за ученикот дека е редовен ученик во основно училиште;
– Потврда за наставникот дека е вработен во основно училиште;
– Фотокопија од диплома за освоено прво место на државен натпревар организиран од акредитирано здружение на наставници за ученикот;
– Фотокопија од диплома за освоено прво место на државен натпревар организиран од акредитирано здружение на наставници за наставникот;
– Копија од трансакциска сметка за ученикот (трансакциската сметка да биде на име на ученик не на родител);
– Копија од трансакциска сметка за наставникот;
– Изјава за согласност за обработка на лични податоци потпишана со цело име и презиме од наставникот