spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМОН: Состанок на Управувачките платформи на Западен Балкан за образование и обука...

МОН: Состанок на Управувачките платформи на Западен Балкан за образование и обука и истражување и иновации

На 15-16 февруари 2023 година, во Скопје, се одржа Состанокот на Управувачките платформи на Западен Балкан за образование и обука и истражување и иновации. На овој состанок од високо ниво присутни беа високи претставници на Европската комисија, генералниот директор за образование, култура, млади и спорт Филип Ван Деполе , генералниот директор за истражување и иновации и раководител на единицата „Horizon Europe Association’’ Рута Зарнаускаите и  претставници од сите земји од Западен Балкан.

Копретседавач на Состанокот на Управувачките платформи на Западен Балкан за образование и обука и истражување и иновации беше државната секретарка на Министерството за образование и наука, г-ѓа Анета Трпевска.

На Платформата како стратешко тело за справување со европски, мултилатерални и регионални прашања за истражување, иновации, образование и културни политики во и со земјите од Западен Балкан беа презентирани најновите политички случувања, приоритети и можности за соработка.

Државната секретарка во своето излагање на платформата истакна дека Владата на Северна Македонија останува посветена на усогласување на националните напори со Агендата за иновации за Западен Балкан. Во текот на изминатите години, Владата покажа високо ниво на посветеност на подобрување на националниот систем за образование, истражување и иновации.

Таа исто така истакна дека платформата не е само центар за размена на информации, промоција и поддршка на заеднички регионални идеи и иницијативи меѓу членовите на платформата, туку е место каде територијалните граници се повеќе исчезнуваат во корист на културните, образовните и научните различности кои стануваат суштински за меѓусебно разбирање и дополнително стимулирање на иновациите во современиот свет.

 

 

 

Извор: Министерство за образование и наука 

Прочитајте

Град Скопје: Соопштение

0
Градот Скопје со новите специјално адаптирани моторни возила, овозможува полесно движење на децата и лицата со потешка телесна инвалидност. Новите возила се посебно адаптирани...