spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМОН: Јавен повик за акредитација на здруженија на наставници кои организираат натпревари...

МОН: Јавен повик за акредитација на здруженија на наставници кои организираат натпревари на ученици од основните училишта

Врз основа на член 44 став 6 од Законот за основното образование („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 161/19 и 229/20) и Правилникот за начинот и поблиските критериуми на организирање и изведување на натпреварите на учениците по одделени предмети на општинско, регионално и државно ниво во основно образование бр. 18-6573 од 06.07.2020 година и бр. 18-3228/1 од 22.02.2021 година,  Министерството за образование и наука објавува

Ј А В Е Н    П О В И К
за акредитација на здруженија на наставници кои организираат натпревари на ученици од основните училишта

Министерството за образование и наука објавува Јавен повик за акредитација на здруженија на наставници кои организираат натпревари на ученици од основните училишта.

На овој Јавен повик право на учество имаат здруженијата на наставници кои се регистрирани како здруженија најмалку три години до денот кога поднесуваат барање за акредитација за организирање на натпреварите и да обезбедат организирање на натпревари на целата територија на Република Северна Македонија на сите наставни јазици на кои се реализира воспитно образовната дејност во основните училишта.

Со поднесувањето на Образецот на барањето за акредитација на здруженија на наставници за организирање на натпревари на учениците во основните училишта, здруженијата на наставници треба да достават:

(линк: симни образец на Барањето)

 

1.      Документ за регистрирана дејност од Централен регистар на Република Северна Македонија,

2.      Тековна состојба на здружението на наставници издадена од Централен регистар на Република Северна Македонија,

3.      Биланс на состојба и биланс на успех на здружението на наставници издадена од Централен регистар на Република Северна Македонија,

4.      Статут на здружението на наставници,

5.      Правилник за организирање на натпреварите на здружението на наставници,

6.      Тригодишен календар за спроведување на натпреварите за учениците во основните училишта во кои ќе бидат содржани наставните предмети, временскиот период за реализација на натпреварите и одговорните наставници кои ќе бидат вклучени во  организацијата и реализацијата на секој од натпреварите.

 

Доколку на Јавниот повик се пријават две или повеќе здруженија кои ги исполнуваат условите согласно член 44 од Законот за основното образование, Комисијата за акредитација на здруженија на наставници одлучува врз основа на дополнителни кретериуми и тоа:

–        број на наставници кои членуваат во здружението,

–        број на наставници од здружението коишто како ментори учествувале во  меѓународни натпревари/олимпијади и

–        добиените награди за освоени места на меѓународни натпревари/олимпијади каде што менторите биле наставници од здружението

 

Заинтересираните здруженија чија документација ќе биде некомплетна или ненавремено доставена нема да бидат земени предвид во процесот на понатамошно разгледување и акредитирање.

За организирање на натпреварите се акредитира по едно здружение на наставници или сојуз на здруженија по одделен наставен предмет, за период од три години, сметано од датумот на издавање на решението за акредитација.

Акредитираните здруженија на наставници, односно сојузи на здруженија со правилник за организирање на натпреварите ќе го уредат начинот на организацијата, како и натпреварите на учениците да ги организира преку наставници кои изведуваат настава по одделен наставен предмет, сроден предмет или научна област на која и припаѓа наставниот предмет, како и да обезбедат организирање натпревари на целата територија на Република Северна Македонија и на сите наставни јазици (освен за натпреварите по Македонски јазик, Албански јазик, Турски јазик и Српски јазик).

Здружението на наставници или сојузот на здруженија може да издаде само една диплома за освоено прво, второ или трето место на ученикот кој учествувал на државен натпревар по одделен  наставен  предмет, на наставникот-ментор пофалница, а за останатите учесници може да издаде уверение за учество на натпреварот.

 

Право на учество на овој Јавен повик имаат здруженијата на наставници и сојузи на здруженија на наставници за следните наставни предмети од основното образование:

– Македонски јазик,

– Албански јазик,

– Турски јазик,
– Српски јазик,

– Босански јазик,

– Математика,

– Англиски јазик,

– Француски јазик,

– Ликовно образование,

– Музичко образование, хор и училишен оркестар,

– Техничко образование,

– Информатика,

– Општество,

– Географија,
– Историја,

– Историја и општество,
– Етика,

 Граѓанско образование,

– Биологија,

– Физика,

– Иновации,
– Физичко и здравствено образование,
– Јазик и култура на Власите,

– Јазик и култура на Турците,

– Јазик и култура на Србите,
– Јазик и култура на Ромите,
– Јазик и култура на Бошњаците,
– Запознавање на религиите,
– Класична култура во европската цивилизација,

 

За следните наставни предмети во основните музички училишта:

– Виолина,

– Пеење,

– Флејта,

– Виолончело,

– Саксафон,

– Труба,

– Хорна,

– Традиционални инструменти,

– Контрабас,

– Теорија на музика,

– Пијано,

– Солфеж,

– Класична гитара,

– Виола,

– Кларинет,

– Обоа,

– Тромбон,

– Удирачки инструменти,

– Хармоника и

– Фагот

 

Потребната документација се доставува во рок од 15 дена од денот на објавувањето на овој Јавен повик во писарницата на Министерство за образование и наука или на следната адреса „Св.Кирил и Методиј“ бр.54, 1000 Скопје.

 

 

 

 

Извор: Министерство за образование и наука 

Прочитајте

Македонски Брод: Реконструкција на улицата “Васко Карангелески” и “Илинденска”

0
Активностите за реконструкција на улица “Васко Карангелески” и улица “Илинденска”, кои се наоѓаат во централното подрачје на градот, се во завршна фаза.     ...