Градоначалникот на општина Гостивар, Арбен Таравари во својот кабинет ја пречека екипата за пребарување и спасување на ТППЕ – Гостивар која успешно ја изврши својата мисија доаѓајќи на помош на погодените од земјотресот во Источна Турција.
На средбата се зборуваше за нивниот напредок и тешкотии во текот на мисијата, додека градоначалникот Арбен Таравари во име на граѓаните на Гостивар им се заблагодари за нивната подготвеност секогаш да бидат на ниво на задачата.
Исто така, на следната седница на Советот на општина Гостивар, градоначалникот Арбен Таравари нагласи дека ќе биде предложено овие херои да бидат финансиски наградени за нивниот труд и пожртвуваност.
Извор: Општина Гостивар