HomeОпштиниГостивар: Наградени пожарникарите кои им помогнаа на погодените од земјотресот во Турција

Гостивар: Наградени пожарникарите кои им помогнаа на погодените од земјотресот во Турција

spot_img
spot_img

Градоначалникот на општина Гостивар, Арбен Таравари во својот кабинет ја пречека екипата за пребарување и спасување на ТППЕ – Гостивар која успешно ја изврши својата мисија доаѓајќи на помош на погодените од земјотресот во Источна Турција.

На средбата се зборуваше за нивниот напредок и тешкотии во текот на мисијата, додека градоначалникот Арбен Таравари во име на граѓаните на Гостивар им се заблагодари за нивната подготвеност секогаш да бидат на ниво на задачата.

Исто така, на следната седница на Советот на општина Гостивар, градоначалникот Арбен Таравари нагласи дека ќе биде предложено овие херои да бидат финансиски наградени за нивниот труд и пожртвуваност.

 

 

 

 

Извор: Општина Гостивар

spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img

Прочитајте

РИК: Предвремени Парламентарни избори во Србија -2026 година РЕЗУЛТАТИ

0
Прочитајте и погледнете: 👀👇 ОФИЦИЈАЛНИ РЕЗУЛТАТИ 2026 година - Предвремени Парламентарни избори во Србија Извор: Републичка Изборна Комисија на Република Србија