spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниВелес: Велешките пожарникари се вратија од Турција

Велес: Велешките пожарникари се вратија од Турција

Петмината велешки пожарникари Димче Јованов, Кире Диковски, Александар Јолдашев, Рамадан Адилов и Роберто Шакиров се вратија од Турција каде учествуваа во спасувачка мисија за пронаоѓање и извлекување на луѓе под урнатините од катастрофалниот земјотрес што го погоди јужниот дел на Турција минатата недела.

Тие доцна синоќа се вратија во Велес и денеска остварија средба со градоначалникот Марко Колев. Тој им се заблагодари за нивната пожртвуваност и храброст да бидат дел од спасувачките екипи. Во согласност со можносттите, Општина Велес ќе ги награди овие пожарникари.

Велес е горд на своите граѓани кои несебично дадоа свој придонес за справување со последиците од катастрофалниот земјотрес.

 

 

Извор: Општина Велес 

Прочитајте