spot_img

МТСП: Во тек е етапната исплата на февруарските пензии

МинистерстваМТСП: Во тек е етапната исплата на февруарските пензии

Најчитано

Министерството за труд и социјална политика известува дека на ден 27.02.2023 година (понеделник) започнува етапната исплата на пензиите за месец февруари, кои продолжуваат да се исплатуваат предвремено.

Подигнувањето на пензиите преку филијалите и експозитурите на банките за пензионерите кои не користат картички ќе се реализира во четири групи, според висината на пензијата:

• За пензии со висина до 11.000 денари, исплатата да се изврши на 27.02.2023 година (понеделник);

• За пензии со висина 11.001-14.000 денари, исплатата да се изврши на 28.02.2023 година (вторник);

• За пензии со висина 14.001-18.000 денари, исплатата да се изврши на 01.03.2023 година (среда) и

• За пензии со висина над 18.001 денари, исплата да се изврши на 02.03.2023 година (четврток).

Пензионерите кои користат платежна картичка, поврзана со сметката на која се префрлува пензијата, со парите можат да располагаат од 27 февруари (понеделник). Тие можат да ја подигнат пензијата на банкомат, да ги користат средствата за плаќање во трговската мрежа или за електронски плаќања.

 

 

 

 

Извор: Влада

spot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
https://form.jotform.com/222403480783353spot_img

Последни објави

spot_img
spot_img

Читај повеќе