spot_img

Синдикални преставници од регионалните одбори од Тетово и Гостивар на едукативна работилница за безбедност и здравје при работа

СиндикатиСиндикални преставници од регионалните одбори од Тетово и Гостивар на едукативна работилница...

Најчитано

 

На ден 23.02.2023 година, Самостојниот синдикат за образование, наука и култура на Република Македонија – СОНК и Македонското здружение за заштита при работа – МЗЗПР реализираа уште една работилница во рамките на проектот “Безбедност и здравје при работа во дејностите на образование и наука”, на која присуствуваа синдикални претставници на СОНК од Регионалните одбори на Тетово и Гостивар.

Целта на работилницата беше да се увиди нивото на владеење и да се прошири знаењето од областа на безбедноста и здравјето при работа на синдикалните претставници.

На работилницата беше опфатен теоретски и практичен дел во однос на позиција работодавач – работник, како и во однос на професионални заболувања со кои се соочуваат вработените во сите дејности што ги застапува СОНК.

Во интерактивниот дел, присутните членови на СОНК поставуваа прашања, разменуваа информации за правата на работниците во делот на БЗР и добиваа соодветни одговори од страна на двајца предавачи односно стручно лице за БЗР и доктор по медицина на труд.

 

 

 

 

Извор: СОНК

spot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
https://form.jotform.com/222403480783353spot_img

Последни објави

spot_img
spot_img

Читај повеќе