spot_img

Зголемување на конкурентноста на целиот регион за забрзана интеграција кон единствениот пазар на ЕУ

ВладаЗголемување на конкурентноста на целиот регион за забрзана интеграција кон единствениот пазар...

Најчитано

Заменик-претседателот на Владата, задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи, во Секретаријатот на ЦЕФТА во Брисел оствари средба со нејзиниот директор, Емир Џикич.

На средбата, Џикич го запозна вицепремиерот Битиќи со актуелните важни процеси на ЦЕФТА, пришто истакна дека заедно со Регионалниот центар за соработка (RCC) работат во делот на финансиските услуги, на намалувањето на банкарските провизии, е-трговија како и ред други приоритети.

Вицепремиерот Битиќи укажа дека основното начело на Регионалниот центар за соработка (RCC) и на самата ЦЕФТА како регионални иницијативи е подигнување на конкурентноста на компаниите и регионалните економии.

„Не смееме повеќе да губиме време, колку побрзо сфатиме дека регионот мора да работи конкурентно и во соработка, неместо како конкуренција, толку побрзо и полесно ќе можеме да се интегрираме кон единствениот пазар на Европската Унија“, кажа вицепремиерот Битиќи.

На состанокот вицепремиерот Битиќи и директорот на ЦЕФТА, Џикич разговараа и за процесите на неаршоринг и решоринг како можности за регионот како и за придобивките од дигиталната трансформација на економиите на Западен Балкан.

Средбата се реализираше во склоп на престојот на вицепремиерот Битиќи во Брисел каде учествува на билатералниот скрининг состанок од Кластер 2, „Внатрешен пазар“, поточно Поглавје 9 „Финансиски услуги“, а за утре е закажан состанокот за Поглавје 28, „Заштита на потрошувачите и јавно здравје“.

 

 

 

 

Извор: Влада

spot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
https://form.jotform.com/222403480783353spot_img

Последни објави

spot_img
spot_img

Читај повеќе