spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниМЗ: Скрининг и ХПВ вакцинација - Најдобра превенција за спречување рак на...

МЗ: Скрининг и ХПВ вакцинација – Најдобра превенција за спречување рак на грлото на матката

Можностите за справување со ракот на грлото на матката и унaпредување на женското репродуктивно здравје преку подигнување на свеста за ова заболување, беа клучните теми на панел дискусијата што се одржа во Скопје, во организација на УНФПА и Министерството за здравство.

Експерти од националната комисија за превенција и рана детекција на рак на грлото на матката, националната комисија за имунизација, Управата за електронско здравство, Универзитетската клиника за гинекологија и акушерство, Македонската асоцијација на гинеколози и опстетричари и Македонско лекарско друштво, говореа за состојбата во државата, постојните услуги, јакнење на националните партнерства и создавање ефективни мерки базирани на докази.

Беше заклучено дека е потребно подигање на јавната свест во однос на ХПВ-вакцините, како најдобра превенција за спречување рак на грлото на матката и помасовен скрининг за ова малигно заболување.

 

 

 

Извор: Министерство за здравство 

Прочитајте

Информација по повод одбележувањето на 8 септември, Денот на независноста

0
По повод 8 септември, Денот на независноста, Владата организира свечена програма под слоганот „Заедно се бориме, заедно ќе успееме!“. Свечената академија ќе се одржи во...