spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниКарпош: ,,Арс Ламина” подари 1000 книги за училиштата

Карпош: ,,Арс Ламина” подари 1000 книги за училиштата

,,Арс Ламина” додели по 100 книги за десетте основни училишта во Општина Карпош. Во рамки на кампањата ,,Читањето е супермоќ”, која е поддржана и од Филозовскиот факултет во Скопје како и здружението за дислексија ,,Ајнштајн”, денеска, во просториите на ООУ ,,Лазо Трповски”, се одржа презентација која има за цел да се збогати библиотечниот фонд во училиштата и да се поттикнат читачките навики кај децата. Општина Карпош го ужива овој благодет, кој пред се е од огромно значење за развојот во образованието на децата, а мисијата на кампањата е преку понуда на атрактивни изданија да предизвика и одржи интерес за читање кај учениците.

Издавачката куќа ,,Арс Ламина” со години е сериозна поддршка на наставно образовниот процес со понуда на изданија, што се користат во и надвор од наставната програма.

 

На денешната презентација присуствуваа директорките на училиштата, библиотекарите како и дел од наставниот кадар од сите основни училишта на територија на Општина Карпош.

 

 

Извор: Општина Карпош

Прочитајте

Центар: Герасимовски – Ново Маало доби реконструирана улица „Блаже Тодоровски” и...

0
Градежните активности за реконструкција на улицата „Блаже Тодоровски“ во Ново Маало влегуваат во завршна фаза. Денеска започна асфалтирањето на коловозот во должина од 135 метри...