Според податоците на Државниот завод за статистика, во четвртото тримесечје од 2022 година, стапката на слободни
работни места изнесува 1.94 %.
Највисока стапка на слободни работни места од 3.78 % има секторот З – Објекти за сместување и сервисни дејности
со храна, додека најмала е стапката во секторот О – Други услужни дејности, во кој изнесува 0.23 %.
Деловните субјекти со број на вработени од 3 до 9 имаат највисока стапка на слободни работни места која изнесува
2.54 %.
Пелагонискиот Регион има највисока стапка на слободни работни места, која изнесува 2.47%.
Најголем број слободни работни места, односно 3 278, има во петтата група на занимања – Работници во услужни
дејности и продажба.
Преземи го соопштението во целост
Извор: Државен завод за статистика