spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeСамостојни органиСамостојни државни органиДЗС: Природно движење на населението во Република Северна Македонија во четвртото тримесечје...

ДЗС: Природно движење на населението во Република Северна Македонија во четвртото тримесечје од 2022 година – претходни податоци

Според податоците на Државниот завод за статистика, во четвртото тримесечје од 2022 година, живородени се 4 427 деца и во споредба со истиот период од претходната година нивниот број е намален за 4.7 %.

Бројот на умрените лица во четрвтото тримесечје од 2022 година бележи намалување од 26.8 % во споредба со истото тримесечје од 2021  година, односно 5 043 лицa, од кои 9 се умрени доенчиња.

Природниот прираст е – 616 лица, односно за толку  лица е помал бројот на живородените деца од  бројот на умрените лица.

Во ова тримесечје од годината склучени се 2 762 бракови и нивниот број е намален за 2.0 % во споредба со истиот период од 2021 година.

За четвртото тримесечје од 2022 година се добиени 339 извештаи за разведени бракови, што претставува намалување од 39.1 % во споредба со истото тримесечје од 2021 година.

  Преземи го соопштението во целост

   Преземи табели

 

 

 

 

Извор: Државен завод за статистика 

Прочитајте

МТСП: Во тек е исплатата на правата од социјална и детска...

0
Министерството за труд и социјална политика информира дека денеска започна исплатата на правата од социјална, детска и цивилна заштита за месец април 2024 година. Корисниците...