spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМТВ: Реџепи - Да ја интензивираме соработката со Република Чешка

МТВ: Реџепи – Да ја интензивираме соработката со Република Чешка

Заменик министерот за транспорт и врски, Беким Реџепи оствари официјална средба со заменик министерот за надворешни работи на Чешката Република, г. Мартин Дворак, придружуван од амбасадорот на Чешката Република во нашата земја г. Јарослав Лудва.
Со г. Дворак, разговаравме за интензивирање на соработката меѓу нашите две земји, меѓу нашите локални и чешки компании во различни проекти како што се патната инфраструктура, железницата, гасификацијата, нагласи Реџепи.
Ваквите партнерства можат да донесат различни инвестиции кои можат да го истакнат потенцијалот на нашата земја во различни сфери. Министерството за транспорт и врски е моторот на локалната економија каде само сега инвестираме над 1 милијарда евра во патна инфраструктура, железница и гасификација.
Владата на Република Северна Македонија и Министерството за транспорт и врски се силно посветени на поддршката на сите странски инвеститори во нашата земја, заклучи Реџепи.
Заменик министерот Дворак уште еднаш ја истакна посветеноста на Чешката Република и нивната континуирана поддршка на патувањето на Република Северна Македонија кон интеграција во Европската Унија.

Прочитајте

Македонски Брод: Реконструкција на улицата “Васко Карангелески” и “Илинденска”

0
Активностите за реконструкција на улица “Васко Карангелески” и улица “Илинденска”, кои се наоѓаат во централното подрачје на градот, се во завршна фаза.     ...