Одржана Јавна дебата во салата за состаноци на општина Радовиш на тема Анализа на родовата компонента на „Програмата за еднакви можности на жените и мажите” и „Програмата за Локален економски развој”.
На оваа дебатата присуствуваа претставници од општината, претставници на „Женска акција” Радовиш, тимот „Низ женски леќи”, локалните граѓански организации.
Локалната дебата во голема мера ќе придонесе за поголема транспарентност на процесот на родово одговорно буџетирање од страна на локалната самоуправа, но и ќе им овозможи на граѓанските организации да ги претстават своите модели на политики и препораки. На овој начин, на граѓаните ќе им се даде можност да учествуваат во процесот на донесување одлуки и во следењето на спроведувањето на овие политики.
Извор: Општина Радовиш