Во салата на Советот на општина Гостивар, дипл.инг. l и докторант на Градежниот факултет во Скопје – Леарт Таравари, одржа предавање на тема: Основни принципи на асеизмичкo градење.
На предавањето присуствуваа голем број градежни инженери и архитекти.
Општина Гостивар виде за сходно да се одржи ова предавање, следствено на катастрофалните земјотреси во Турција и Сирија, со цел да се подигне свеста и квалитетот на градбите за што поголема отпорност кон земјотреси.
Извор: Општина Гостивар