Градски паркинг Скопје: Известување за ажурирање на податоци по промена на старите со нови регистарски таблички

Јавен секторГрадски паркинг Скопје: Известување за ажурирање на податоци по промена на старите...

Најчитано

Согласно важечките законски прописи во Р. Македонија, сопствениците на возила се должни да извршат промена на регистарските таблички со ознака МК со нова НМК (NMK). Промените на старите регистарски таблички со нови, треба да се изврши најдоцна до 12.02.2024.

Поради горенаведеното, ЈП „Градски паркинг“- Скопје ги известува своите корисници на јавните паркиралишта и јавните површини наменети за паркирање- зонско, од категориите: станар, вработен, правно лице и физичко лице,  дека по направените промени на регистарските таблички, имаат обврска да извршат ажурирање на податоци и кај нас.

Ажурирањето на податоците се врши со пополнување на образецот „Пријава- одјава“, при што се доставува и сообраќајната од возилото на увид.

Апелираме до сите корисници навремено да ги ажурираат податоците со што не би се соочиле со санкционирање од страна на службите на претпријатието.

 

 

 

 

 

Извор: ЈП Градски паркинг Скопје

spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img

Последни објави

spot_img
spot_img

Читај повеќе