Општина Ѓорче Петров работи на реконструкција на патеките за учениците и дел од паркинг просторот во училиштето.
Со овој чекор ја подобруваме состојбата во дворот на училиштето. Преку изградба и на сливници во рамки на реконструкцијата ќе се придонесе за одведување на водите од паркинг просторот при поројни дождови.
Целосниот зафат е на површина од 150 м2. Општина Ѓорче Петров во континуитет работи на подобрување на условите во училиштата, но и во школските дворови.
Извор: Општина Ѓорче Петров