spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниГрад Скопје: Реконструкција на водоводна мрежа во Гази Баба

Град Скопје: Реконструкција на водоводна мрежа во Гази Баба

Вчера Градоначалничката на град Скопје, заедно со директорот на ЈП Водовод и Канализација-Скопје направија увид во работата на реконструкцијата на целокупната водоводна мрежа во парк шумата Гази Баба.

Инвестицијата за реконострукцијата за овој проект кој е од исклучително значење за жителите на Гази Баба е инвестиција од сопствени средства на ЈП Водовод и Канализација Скопје, во висина од 14.033.800 денари.

Со реализација на овој проект се осигурува постојано, непречено и квалитетно без загуби во мрежата водоснабдување на поголем дел на територија на општина Гази Баба (нас. Железара, Автокоманда), а променет е и цевководот и поставена е цевка 250мм.

Со завршување на првата фаза односно крак 1, се изведе дислокација на водоводната мрежа по нова патека одобрена од Град Скопје односно ЈП Паркови и зеленило, во должина од 488 метри и се изврши поврзување со постоечкиот цевковод на ул. Тајмишка.

Воедно беа изградени и две нови шахти: шахта со испуст во бунар, и водоводна шахта за поврзување на новата цевка со дијаметар од 250мм со постоечката цевка со дијаметар од 200мм.

При изведбата беа вградени  дуктилно – лиени железни цевки и соодветни фасонски парчиња и арматури.

 

 

 

Извор: Град Скопје 

Прочитајте

Центар: Герасимовски – Граѓаните да не си ги трошат парите на...

0
Инспекциските служи на Општина Центар денеска отстранија застаклен објект на државно земјиште кој не поседува одобрение за поставување времени објекти согласно чл. 81. Станува збор...