spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМТВ: Прес конференција на министерот Бочварски

МТВ: Прес конференција на министерот Бочварски

Министерот за транспорт и врски вчера на прес – конференција ги образложи постапките кои што ги водеше Министерството за транспорт и врски, општината Охрид и Управниот суд, а кои се однесуваат на изградба на објект во Лагадин, во општина Охрид.

Во прилог интегралното обраќање на министерот Бочварски:

„Почитувани медиуми,

Во однос на прозивките на општина Охрид за потврдување на одобрение за градење за објект во Лагадин, сакам детално да ги појаснам постапките што ги водеше Општината, Министерството за транспорт и врски и Управен Суд.

 

  • Во 2016 година општина Охрид на инвеститорот му издава одобрение за градење за изградба на објект во Лагадин.
  • Во 2017 година истата Општина Охрид го прогласува за ништовно одобрението што самата го издала.
  • Инвеститорот во неколку наврати поднесува жалба до Министерството за транспорт и врски.
  • Во 2019 година Министерството за транспорт и врски ја одбива жалбата на инвеститорот и го потврдува решението на општина Охрид со што двете институции се на иста линија во однос на предметот.
  • Во 2019 година инвеститорот поведува управен спор пред Управниот суд против Министерството за транспорт и врски и општина Охрид
  • На 07.11.2019 година Управниот суд донесе пресуда против решението на Министерството за транспорт и врски и општината со што го задолжува Министерството да го врати предметот во општина Охрид и општината да постапи по пресудата на Судот.
  • Во 2020 година општина Охрид носи ново решение за поништување на одобрението за градба и Министерството за транспорт и врски повторно ја потврдува одлуката на градоначалникот.
  • Против ова решение во 2020 година инвеститорот повторно поведува управен спор пред Управниот суд против Министерството за транспорт и врски и општина Охрид.
  • Конечно во 2022 година Управниот суд носи пресуда од 10 страни со детални насоки дека по поднесените докази од општина Охрид одобрението не може да биде огласено за ништовно.
  • Во истата пресуда Управниот суд го задолжува Министерството за транспорт и врски да постапи мериторно и дава можност на општина Охрид да ја прегледа повторно постапката за издавање на одобрение за градење и доколку има друг основ, да го огласи за ништовно одобрението за градење.
  • Овде јасно се гледа незаинтересираноста на општината да го разработи детално целиот предмет и да додаде дополнителни аргументи за поништување на одобрението, туку напротив само го потврдува претходното спротивно на насоките од Управен Суд.
  • Да потенцирам дека одлуките на Управниот суд се задолжителни за сите јавни органи согласно Законот за управни спорови
  • Дополнително во Министерството за транспорт и врски влезе управна инспекција и со решение ме опомена мене лично како министер и институцијата Министерство за транспорт и врски, задолжително да донесеме мериторна одлука.
  • Министерство за транспорт и врски после задолженијата од Управен суд и управната инспекција носи решение со кое на општина Охрид и укажуваме дека по тој основ не може да го поништи одобрението за градење.
  • Сакам да потенцирам за да биде јасно за сите. Министерството за транспорт и врски не го потврди одобрението за градење на тој објект.
  • Затоа и укажавме на општина Охрид по било кој друг основ да ја разгледа постапката за издавање на одобрението за градење и прибавената документација. Затоа што тоа е одлука на највисокиот орган во оваа постапка, а тоа е Управниот Суд.
  • Исто така, сакам да потенцирам дека комисијата за УНЕСКО дава препорака на општина Охрид да го преиспита одобрението за градење, во делот на целата постапка и се уште е нејасно зошто општина Охрид по 6 години од издавање на одобрението за градење не сака повторно да ја разгледа целата постапка, бидејќи се работи за објект од втора категорија во надлежност на општина Охрид.
  • Нема да дозволам ниту јас, ниту Министерството и Владата да бидеме оправдание за погрешните одлуки на општината со кои што во 2016 година донеле одлука за правосилно одобрение за градење, а во наредните години бараат тоа решение да биде поништено.
  • Од тука и јавно го повикувам градоначалникот да не манипулира. Доколку не знае како да постапи да се обрати во стручните служби на Министерството за транспорт и врски.
  • Двојната игра на градоначалникот се гледа и од неодамнешната одлука на Советот на општина Охрид да дозволи исклучоци за изградба и реконструкција на инфраструктура со што нема да се почитува планот за управување со светско, природно и културно наследство во охридскиот регион.

 

Сакам да потенцирам уште еднаш дека Министерството за транспорт и врски не го потврди одобрението за градење, туку постапувавме исклучиво по само еден основ од тоа одобрение кој беше оспорен, бидејќи споменатиот објект е од втора категорија и е во директна надлежност на општината.

Ви благодарам.“

 

 

 

Извор: Министерство за транспорт и врски 

Прочитајте

МЗШВ: Николовски во посета на малата винарија Киево во Карбинци –...

0
Заедно со земјоделците имаме постигнато многу резултати во земјоделството. Нема населено место низ државата каде нема да сретнете некоја успешна земјоделска приказна. Поддржана токму...