HomeМинистерстваМЛС: Потпишување на Меморандум за соработка со ФИТР

МЛС: Потпишување на Меморандум за соработка со ФИТР

spot_img
spot_img
Како министер за локална самоуправа би сакал да изразам задоволство за потпишувањето на Меморандум за соработка меѓу министерството и Фондот за иновации и технолошки развој. Оваа соработка има за цел да поттикне иновативни решенија кои ќе бидат од корист за општините а воедно ќе го подобрат квалитетот на животот на граѓаните, рече министерот Пенов.
Тој истакна дека преку ова партнерство, во мај планираме да објавиме повик за предлози, преку кој ќе ги поканиме компаниите да дадат иновативни решенија за предизвиците со кои се соочуваат општините во земјава. Овие предлози насловени како „Предизвици“ ќе бидат фокусирани на теми кои се важни и клучни за нашите општини, со намера да се овозможат практични придобивки за граѓаните.
Ја потврдуваме посветеноста да овозможиме интересите на граѓаните да останат во првите редови на политиките и иницијативите кои Министерството за локална самоуправа сака да ги негува.
Оваа соработка со Фондот за иновации и технолошки развој е само еден пример од нашите тековни напори за создавање поодржлива, поиновативна локална самоуправа фокусирана на граѓаните. Инаку, освен Владата очекуваме да бидеме поддржани и од странски донатори.
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img

Прочитајте

РИК: Предвремени Парламентарни избори во Србија -2026 година РЕЗУЛТАТИ

0
Прочитајте и погледнете: 👀👇 ОФИЦИЈАЛНИ РЕЗУЛТАТИ 2026 година - Предвремени Парламентарни избори во Србија Извор: Републичка Изборна Комисија на Република Србија