spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМНР: Соопшение

МНР: Соопшение

На 1 март 2023 година, во Софија се одржаа конзуларни консултации меѓу Министерството за надворешни работи на Република

Северна Македонија и Министерството за надворешни работи на Република Бугарија на ниво директори за конзуларни работи.

На консултациите беа разгледани повеќе прашања од конзуларната област, а кои директно ги засегаат граѓаните на двете држави.

Посебно внимание беше посветено на начините за подобрување на меѓусебната комуникација во врска со измените на законодавството за влез и престој на територијата на секоја од земјите и неговата примена, взаемното информирање за задржани граѓани, соработка при конзуларни случаи, особено кога е потребна помош како на пример лекување или репатријација, начинот и постапката за издавање на документи од матичните книги, воспоставување на точка за директна комуникација во итни случаи и други прашања од областа. Обете страни изразија задоволство од досегашната соработка во конзуларните работи, споделија информации за предизвиците со кои се соочуваат и разменија предлози за унапредување на соработката.

Инаку, конзуларната соработка меѓу Северна Македонија и Бугарија се одвива врз основа на конзуларната конвенција склучена меѓу двете држави во 1999 година. Денешните конзуларни консултации се реализираа на иницијатива на Министерството за надворешни работи на Северна Македонија, и се први од таков вид во изминатава декада.

 

Извор: Министерство за надворешни работи 

Прочитајте

Карпош: Прв „хотел“ за згрижување на диви пчели

0
По повод одбележување на Денот на планетета Земја во населбата Карпош 3, претставници на невладината организација ТАКТ во соработка со Општина Карпош го поставија...