spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМЖСПП: 19 состанок на Поткомитетот за транспорт, животна средина, енергетика и...

МЖСПП: 19 состанок на Поткомитетот за транспорт, животна средина, енергетика и регионален развој на ЕУ – Препознати постигнувања и предизвици

„Процесот на интеграција во ЕУ на Република Северна Македонија останува стратешки приоритет за развој, стабилност и просперитет на земјата која нема алтернатива.Владата на Република Северна Македонија останува посветена на спроведувањето на клучните реформи нагласени во Извештајот на Европската Комисија за земјата и сите преземни обврски од Спогодбата за стабилизација и асоцијација паралелно со обврските што ќе произлезат од билатералните состаноци за Кластерот 4. Ние сме целосно посветени на спроведување на суштинските реформи во доменот на овој Поткомитет, особено активности поврзани со Зелената агенда на Западен Балкан, Договорот на транспортна заедница, Договорот на енергетска заедница и други “, истакна министерката за животна средина и просторно планирање Каја Шукова на отварањето на 19-отсостанок на Поткомитетот за транспорт, животна средина, енергетика и регионален развој на ЕУ што се одржува во Скопје.

На состанокот присуствуваа претставици на Европската Комисија, ЕУ Делегацијата и стручни лица од ресорните министерства. Делегацијата од ЕУ е предводена од г-ѓата Симона Гати од Генералниот директорат за проширување и соседска политика на Европската комисија.

На состанокот, низ конструктивен дијалог се направи пресек на напредокот и предизвиците во областите транспорт, животна средина, енергетика и регионален развој како и поставување на временската рамка потребна за нивно надминување.Minister_MZSPP_Podkomitet za zivotna sredina_2

Исто така, на состанокот македонската делегација информираше дека е во тек формирањето на Работните групи за подготовка на преговарачките позиции кои одговараат на кластерите, како основен технички елемент и истите ќе бидат одговорни за сите стручни и технички аспекти од преговорите и подготовката на нацрт-преговарачките позиции.

 

 

 

 

 

Извор: Министерство за животна средина и просторно планирање 

Прочитајте

ДКСК: Одбележување на Меѓународниот ден за борба против корупцијата

0
Државната комисија за спречување на корупцијата, денес, по повод одбележувањето на Меѓународниот ден за борба против корупцијата, заедно со партнерите од Проектот на УСАИД...