spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМЗШВ: Николовски - Она што претходно ни беше цел, денеска е успешна...

МЗШВ: Николовски – Она што претходно ни беше цел, денеска е успешна приказна

Во Кривогаштани се одржа настан на кој беше промовирана Програмата за поддршка за социјалната сигурност на жените кои вршат земјоделска дејност и поддршките наменети за земјоделките преку Програмата за мали производители.

Настанот беше органзизиран во соработка помеѓу Министерството за земјоделство,шумарство и водостопанство, Министерството за труд и социјална политика,  Општина Кривогаштани и Националната федерација на фармери. Освен министрите Николовски и Тренчевска и градоначалникот Николче Мискоски и претставниците на НФФ, на настанот присуствуваа и повеќе рурални жени, на кои детално им беа презентирани двете нови програми кои ги подготви Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, Програмата за мајчинство и Програмата за мали производители.

„Драго ми е што сме денес овде сите заедно и што после неколкугодишна заедничка работа, ние сега разговараме за реализирани ветувања, за остварени цели и за постигнати успеси. Во 2019 –та кога ја потпишавме Декларацијата за подобрување на социјалната и економската положба на жените од руралните средини, рековме дека ќе им бидеме силна поддршка и тоа го остваривме. Она што тогаш ни беше цел, денеска е успешна приказна“ изјави министерот Николовски и појасни дека  жените земјоделки за прв пат во историјата добија право да користат платено отсустсво за мајчинство. Преку посебна програма, финансирана од буџетот на Платежната агенција, жените земјоделки кои ќе оставрат право за користење финансиска поддршка за мајчинство, ќе добијат еднократна финансиска поддршка во износ од 81.000 денари.

Освен оваа програма, пред присутните се промовираше и јавниот повик за продажба од куќен праг кој е во тек и наменет за малите производители. Жените земјоделки се креатори на многу домашни производи, кои потоа можат легално да ги продаваат од праг или фарма, а со финансиката поддршка која им ја нудиме преку новата програма, тие ќе можат да набават нова опрема и да го модернизираат производството. Дневната агенда на министерот продолжи со теренски посети на земјоделки во Крушево, на кои исто така им беа посочени придобивките доколку се регистрираат во АХВ, аплицираат на повикот и добијат грант.

 

 

Извор: Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство 

Прочитајте

Кисела Вода: Домаќин на престижниот предизвик на FIRST LEGO League

0
Градоначалникот Орце Ѓорѓиевски вчера го отвори интернационалниот настан FIRST LEGO League Challenge, еден од најпрестижните STEM натпревари во светот, поддржан од УНЕСКО, кој престојува...